Connect with us

Ривалите бараат Манчестер Сити да биде исфрлен од Премиер – лигата

Ривалите на Манчестер Сити од Премиер – лигата сакаат клубот да биде исфрлен од елитата, доколку „граѓаните“ бидат прогласени за виновни за финансиски малверзации. Британскиот таблоид „Сан“, цитира еден од шефовите на клуб чиј идентитет останува неименуван, дека единствената соодветна санкција би била исфрлање од Премиер – лигата.


Другото барање на преостанатите клубови е што побрзо да се реши работата и можната казна да биде изречена уште пред крајот на тековната сезона.

„Доколку се докажат овие наводи, има само една соодветна казна – да се исфрли клубот од Премиер – лигата. Цела деценија зборуваме за наводни злоупотреби, така што Премиер – лигата треба да ја направи вистинската работа“, изјави неименуваниот шеф на англиски елитен клуб.

Манчестер Сити има рок до 23 февруари да одговори на обвинувањата. Дотогаш, адвокатот Мареј Розен, кој ја предводи независната комисија за одлучување за вината на клубот од „Итихад“, мора да ги именува и другите тројца членови на комисијата. Тоа значи дека првите сослушувања на инволвираните страни би можеле да се одржат следниот месец.

Премиер – лигата нема поставено никаков рок до кога комисијата треба да донесе одлука, но инсистирањето на сите останати клубови е тоа да се случи што поскоро.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови