Connect with us

„Рибари“ направиле хаос на мечот со Караорман и „истепале“ петмина полицајци

Петмина полицајци се здобиле со повреди расчистувајќи инцидент по втoролигашкиот натпревар меѓу Караорман и Охрид кој го предизвикале охридските навивачи.


Како што информира МВР, навивачите оштетиле дел од инвентарот на стадионот.

„На 08.04.2023 околу 17.00 часот во Струга, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу екипите на Караорман од Струга и Охрид во рамки на Втората фудбалска лига бил нарушен јавниот ред и мир од повеќе лица од навивачка група од Охрид, при што бил оштетен дел од инвентарот на стадионот. Притоа, при преземање мерки со повреди се здобиле пет полициски службеници од Полициската станица Струга. По целосно документирање и расчистување на случајот, ОВР Струга ќе поднесе соодветни пријави, информира Министерството за внатрешни работи.

Караорман го доби „езерското“ дерби против Охрид со 1-0.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови