Connect with us

Реал ја одби понудата на ПСЖ за Марко Асенсио

Раководството на Реал Мадрид ја одби понудата на Пари Сен Жермен за Марко Асенсио.
Парижаните сакаа да го ангажираат Шпанецот, со оглед дека актуелниот договор му истекува во јуни.


Одговорот од „кралскиот клуб“ беше негативен, а од „Сантијаго Бернабеу“ истакнуваат дека имаат намера да го обноват договорот со Асенсио.


Играчот исто така сака да остане во Реал Мадрид, иако е поласкан од интересот на ПСЖ.


Пред неколку дена беше објавено дека Реал и Марко Асенсио постигнале начелен договор за рокот на новиот договор, но, сепак не се согласуваат за висината на платата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови