Connect with us

Рајс: Реваншот со Баерн е вистинската можност да покажеме реакција по поразот од Астон Вила

Играчот од средниот ред на Арсенал, Деклан Рајс, вели дека претстојниот дуел со Баерн Минхен е одлична можност за тимот да одговори на разочарувањето што го претрпе со поразот од Астон Вила (0-2).


„Топчиите“ загубија на домашен терен и сега заостануваат два бода зад лидерот Манчестер Сити на само шест кола до крајот на англиската Премиер-лига. Победа ќе го оставеше Арсенал сам на врвот и ќе можеше многу посериозно да се надева на првата титула по 20 години.

Сепак, во новонастанатата ситуација пореално се чини Арсенал да цели кон трофејот во Лигата на шампионите. По првиот четвртфинален натпревар со Баерн во Лондон, резултатот е 2-2.

„Ова е совршена можност да покажеме реакција. Потребно ни е тоа во среда навечер бидејќи е одлична можност да покажеме карактер и лидерски квалитети. Мораме да ја искористиме оваа шанса и да се пласираме во полуфиналето на Лигата на шампионите. Нема време да размислуваме за тоа што се случи против Астон Вила. Така е во фудбалот, се фокусираш на следниот предизвик“, изјави Деклан Рајс.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови