Connect with us

ПСЖ минатата година работел со загуба од 225 милиони евра

ПСЖ минатата сезона оствари загуба од речиси 225 милиони евра, најмногу како резултат на кризата околу ТВ правата за францускиот фудбалски шампионат и играњето пред празни трибини поради пандемијата на коронавирус, се вели во извештајот на финансиската инспекција на францускиот фудбал.


Клупскиот дефицит е за 80% поголем во однос на претходната сезона (2019/2020), кога изнесуваше 124,2 милиони евра. Според податоците на Професионалната фудбалска лига (ПФЛ) објавени во средата, сметките на 17 од 20 француски прволигаши се во минус. Во претходната сезона само 10 од нив работеа со загуба.

Вкупната загуба на клубовите од елитната класа на францускиот фудбал е 646 милиони евра, а по ПСЖ најголеми губитници се Олимпик Лион (107 милиони), Олимпик Марсеј (76 милиони) и Бордо (67 милиони).

Парижаните за една година доживеаја огромен пад на приходите од билети, од 38,06 милиони евра на 961.000, а главната причина е што повеќето од натпреварите на „Паркот на принцовите“ се играа пред празни трибини, поради важечките антиепидемиски мерки. Во исто време, и покрај падот на приходите од билети за 98 отсто, трошоците за платите на персоналот на клубот се зголемија за 21 отсто, на 503 милиони евра.

Најголемиот дел од приходите на инвестицискиот фонд на клубот QSI доаѓа од ТВ правата, од кои ПСЖ заработи 201,8 милиони евра, од кои 146 милиони се од успешните настапи во Лигата на шампионите на УЕФА, пробивот до финалето во август 2020 година и полуфиналето во април и мај 2021 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови