Македонскиот репрезентативец Енис Барди повторно има понуда за преселба во Премиер – лигата. Откако претходно постоеше интерес од Арсенал, сега за одличниот фудбалер за врска се интересираат Њукасл и Лидс Јунајтед. Барди има договор до јуни 2022 година со Леванте, а потоа би можел да си замине како слободен агент. Оттаму и големата заинтересираност од овие два клуба за македонскиот репрезентативец.
Барди ги надмина повредите кои го мачеа на почетокот на сезоната, во голем стил се врати и во македонската репрезентација, го постигна првиот хет – трик во националниот тим, а стрелаше против Јан Облак и во Ла Лига. Ова не е остана незабележано од англиските премиерлигаши.
Њукасл итно бара засилувања со надеж дека ќе успее да се извлече од дното на Премиер – лигата. Клубот има нови богати сопственици од Саудиска Арабија, но и очајни резултати во досегашниот тек од сезоната.
Лидс Јунајтед по ангажманот на Езгјан Алиоски сега многу повнимателно ги следи македонските репрезентативци, а Марсело Биелса сака разигрувач од калибарот на Барди во средниот ред.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski