Connect with us

Полициска заштита за Де Лаурентис поради фановите на Наполи

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, доби полициска заштита поради зголемените тензии со најистакнатите навивачи на клубот во подножјето на планината Везув.


Најжестоките навивачи на Наполи протестираа минатиот викенд поради високите цени на билетите во последните недели и големите ограничувања на транспарентите и знамињата.


Наполи го загуби и првиот меч од Милан во четврт-финалето на Лигата на шампионите, па тоа се одрази и на зголеменото незадоволство на навивачите кои се познати и во криминалните кругови во Италија.


Локалните власти во Неапол поради тоа одлучија да му дадат полициска заштита на првиот човек на Наполи, иако во градот владее голема еуфорија поради веќе видената шампионска титула на Италија.


По вчерашното реми, избраниците на Лучијано Спалети имаат 14 бода предност пред второпласираниот Лацио на осум натпревари до крајот на првенството.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови