Connect with us

Покрената истрага и против Насер Ал-Келаифи за сомнителни финансиски трансакции

Обвинителството на Париз покрена истрага против претседателот на ПСЖ, Насер Ал-Келаифи и против клубот поради сомнителни финансиски трансакции, пренесува „Л’Екип“.


Хиким Буаџила, поранешен советник на претседателот на Пари Сен Жермен, ги покрена работите кога кон крајот на минатата година го пријави својот поранешен клуб.

Тој откри дека бил платен преку тениската академија Смеш, која е со седиште во Доха и нема никаква врска со Буаџил. Како што рече, никогаш не ни играл тенис. Тоа не го спречи тимот од француската престолнина да потпише договор со него на неопределено време како тениски тренер во 2015 година.

Нешто слично, само во поголеми размери, се случуваше и во Манчестер Сити каде Роберто Манчини доби 1,6 милиони евра без данок, но и уште 1,9 милиони како советник на клубот Ал Џазира од Обединетите Арапски Емирати.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови