Connect with us

Покетино: Меси нема да дебитира вечерва против Стразбур

Аргентинскиот генијалец Лионел Меси нема да биде во составот на Пари Сен Жермен на вечерашниот натпревар против Стразбур од второто коло во францускиот шампионат. Ќе биде тоа прв натпревар за „светците“ оваа сезона пред домашните гледачи, но Меси ќе остане на трибините и нема да истрча на теренот.

Тренерот Маурисио Покетино објасни дека е премногу рано да се очекува Меси да добие минутажа на првенствен натпревар.

Меси одржа само два тренинга со тимот, а претходно беше на одмор откако со Аргентина настапи на Копа Америка. Нема причина да брзаме со неговите настапи, треба да одработи најмалку уште неколку тренинзи и кога тој ќе се чувствува комфорно, тогаш ќе дебитира за Пари Сен Жермен. Нашата цел секако е да оствариме триумф“, потенцираше Покетино.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови