Connect with us

Почина Уве Зелер

Легендарниот германски фудбалер Уве Зелер почина на 85-годишна возраст, јавуваат германските медиуми.


Зелер играше за Хамбургер од 1946 до 1972 година и постигна 404 гола на 472 натпревари. Со Хамбургер освои една титула и еден Куп.

Зелер одигра 72 натпревари за германската репрезентација од 1954 до 1970 година и постигна 43 гола.

Со репрезентацијата на Западна Германија го освои второто место на Светското првенство во 1966 година, додека четири години подоцна беше трет со „панцирите“.

Трипати беше прогласуван за најдобар германски фудбалер на годината. Германските медиуми тврдат дека Зелер бил еден од најдобрите германски фудбалери на сите времиња.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови