
Пелистер е цврсто решен во иднина повторно да биде значаен дел од идната македонската фудбалска карта. Токму во таа насока се и активностите во зимскиот преоден рок кој јасно потенцираат за ангажманот на сопственикот Пеце Стојчевски како и шефот на стручниот штаб Дарко Крстевски кои максималниот сериозно го засилија тимот за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Запад.
„Тоа што го најавив претходно дека се што било претходно го забораваме и вртиме нова страница во ФК Пелистер се остварува и од ден на ден продолжуваме во таа насока. Најважно беше да се засили клубот со нови фудбалери кои се поискусни, ќе играат во Пелистер и можат да бидат пример за помладите. Донесовме седум квалитетни засилувања, со кои првата цел да обезбедиме опстанок во Втората лига ќе биде остварена, но ако се укаже можност зошто да не атакуваме на место кое ќе ни донесе пласман во Првата лига. Голманот Трајчевски и фудбалерите Петковски, Ганчев, Маркоски, Шоповски, а секако и браќата Петар и Благојче Љамчевски, ветија дека ќе дадат се од себе да го вратиме фудбалот во Битола на местото што го заслужува“ – истакна Стојчевски на промоцијата на најголемото засилување, Благоја Љамчевски.
„Задоволен сум од сработеното на подготовките. Пријатно сум изненаден од преодниот рок и завршената работа на управата. Сега топката е префрлена кај нас и треба да одговориме на предизвикот, а тоа е добро се подготвуваме. Во таа насока одигравме три контролни натпревари и ни следат уште неколку кои веќе се договорени, со цел да ја подигнеме формата на повисоко ниво. Нема да ветуваме многу работи, верувам дека јавноста и битолската публика ќе биде задоволна од нашата работа. Ветуваме дека со вака “поздрава“ екипа бидејќи на секоја позиција има по два играчи, а тоа значи дека ќе имаме и квалитетна игра на радост на публиката која тоа го заслужува“ – рече тренерот Дарко Крстески.
Како што е познато, од Пелистер во зимскиот преоден рок заминаа Атанасовски, Ристевски, Тодоровски, Колевски, Котевски, Коњарски, Арсовски, Најдовски, и Здравевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Мурињо се враќа во Португалија?

Евро-фудбал
Џејдон Санчо во Јуве, тоа е веќе завршена работа

Евро-фудбал
Милан му нуди нов договор на Рафаел Леао

Евро-фудбал
Рашфорд доаѓа на позајмица во Барселона

Евро-фудбал
Лукас Васкез доаѓа во Јувентус?

Евро-фудбал
Ал-Хилал тргнува по потписот на Александер Исак

Македонија Ѓорче Петров
Македонија ЃП ја засили одбраната со Србинот Алекса Јовановиќ
