Дека во македонскиот фудбал има квалитет за далеку посериозен третман, наспроти повеќе од скромната инфраструктура и смешните терени на кои ни се игра најважната споредна работа во светот, потврда ни доаѓа и од Удово, од Третата лига – Југоисток.
Во 12. коло на Третата лига – Југоисток, Младост од Удово славеше против Спартмани од Градско Балдовци со 3-1. А, третиот гол кој го постигна Марјан Костадинов во 71. минута. На неговите ножички и прекрасен погодок може да му позавидат и голем број фудбалери од далеку пореномирани европски лиги…
Во останатиот натпревар од ова коло во Третата лига – Југоисток, Василево славеше против Тиверија со 1-0 со голот на Драги Глигоров, а мечот меѓу Хоризонт и Дојранско езере ќе биде дополнително закажан.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski