Connect with us

Њукасл нуди 50 милиони евра за новото украинско чудо

Англискиот премиерлигаш Њукасл стапи во контакт со Шахтјор Доњецк ​​околу трансферот на 21-годишниот Михаил Мудрик. Раководството на клубот е подготвено да плати 50 милиони евра и да го доведе во Премиер – лигата.


Мудрик долго време е цел на Баерн Минхен, а по него тргна и Челси, се чини дека Њукасл е подготвен да даде најконкретна понуда. Тој игра како крилен напаѓач, ги помина сите категории на Шахтјор, а како позајмен играше и во Арсенал Киев и во Десна.

За репрезентацијата на Украина забележа седум настапи, додека за помладите селекции на Украина има 28 настапи.

Мудрик има договор со Шахтјор до декември 2026 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови