Connect with us

Новиот претседател Сејдини им посака успеси на репрезентативците

Фудбалската репрезентација на Македонија го одржа првиот тренинг во пресрет на стартот на квалификациите за Европското првенство во 2020 година, а фудбалерите на комплексот на ФФМ ги пречека и новиот претседател Муамед Сејдини. Тој ги поздрави и им посака многу успеси во периодот што следи, со желба Македонија да се најде на ЕП следната година.

За тоа имаме две шанси, и преку плејофот во Лигата на нации, но и преку квалификациската група за ЕП 2020. Првиот меч на „црвено-жолтите“ е в четврток на арената „Филип Втори“ против Летонија, а три дена подоцна Македонија ќе и гостува и на Словенија во Љубљана.       

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови