Connect with us

Нов скандал во Италија: Полицијата упадна во Рома, Лацио и Салернитана за сомнителни трансфери и трансакции

Нов афера го тресе фудбалот на Апенините. Јувентус беше казнет со одземање 15 бода поради финансиски малверзации, а полицијата пронајде сомнителни трансфери и фиктивни фактури во уште три калчолигаши, Рома, Лацио и Салернитана.


Трите клуба се под истрага поради неправилни трансфери, префрлување и продажба на правата на фудбалерите и сомнителни трансакции.

Се работи за периодот од 2017 до 2021 година.

Под истрага во редовите на Рома се осуммина лица од групацијата Фридкин, како и поранешниот сопственик Џејмс Палота и Умберто Гандини, кој сега е прв човек на кошаркарската лига на Италија.

Кај Лацио, под истрага е претседателот Клаудио Лотито, како и спортскиот директор Игли Таре, но и уште пет лица од раководството на клубот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови