Во Италија се верува дека иднината на Кристијано Роналдо во Јувентус, од ден за ден, станува сѐ понеизвесна, особено по неговиот последен испад и непримерното однесување по победата од 3-1 против Џенова.
Роналдо не успеа да постигне гол и делуваше видно изнервиран за време на второто полувреме, повикувајќи ги своите соиграчи да му подаваат само нему. Португалскиот ас не изгледаше воопшто среќен и покрај победата на Јуве, па го фрли дресот на “бјанконерите” по последниот свиреж.
“Газета дело спорт” известува дека неговата фрустрација продолжила и во соблекувалната, каде 36-годишниот напаѓач замавнал со тупаница во ѕидот, се истуширал и заминал без да каже ниту еден збор.
Весникот тврди дека Кристијано не чувствува дека тимот на Јувентус поседува доволно квалитет и поради тоа, неговата иднина во клубот е доведена во прашање, сега повеќе од кога било.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski