Connect with us

Сити ќе решава за иднината на Бернардо Силва после ЕВРО 2024

Манчестер Сити нема да брза со одлуката за иднината на португалскиот играч за врска Бернардо Силва, пренесуваат медиумите на Островот.


29-годишниот фудбалер има договор со Манчестер Сити до летото 2026 година, но постои голема можност летово да се раздели со клубот.

Според информациите, шефовите на Манчестер Сити и фудбалерот ќе разговараат за ситуацијата по Европското првенство во Германија на лето.

Во тековната сезона Бернардо Силва досега одигра 45 натпревари за Манчестер Сити на кои постигна 11 гола и забележа шест асистенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови