Connect with us

Николов: Победивме на искуство, убаво е кога ќе постигнеш гол

Македонија оствари триумф (0-2) над Гибралтар во второто коло од Лигата на нации. Енис Барди и Бобан Николов беа стрелци на головите со кои нашиот национален тим славеше победа.


Стрелецот на вториот гол смета дека Македонија го доби мечот на искуство, играјќи мудро и одговорно.


„Не знам како УЕФА дозволува да се игра на овој терен. Го добивме мечот на искуство. Имаше проблеми и со ветарот, но нема сега да бараме алиби. Прекрасно е чувството да се даде гол, тоа секогаш ја зголемува самодовербата. Сакам да им честитам и на Илиев, Серафимов и на Тодороски за дебитантските настапи во А-тимот“, изјави Бобан Николов.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови