Connect with us

Нејмар се договорил со Манчестер Јунајтед

Бразилскиот ас Нејмар го напушта Пари Сен Жермен и се сели во Премиер – лигата. Негов следен клуб ќе биде Манчестер Јунајтед. Тој начелно се договорил со раководството на премиерлигашот за преселба на „Олд Трафорд“ и за потпис на тригодишен договор.

Манчестер Јунајтед останува да ја договори отштетната клаузула со ПСЖ, а според медиумите на Островот се очекува да падне договор за околу 65 милиони фунти.

Нејмар има актуелен договор со ПСЖ до 2025 година, но клубот е подготвен да го продаде за добра понуда. Од друга страна и Бразилецот би сакал нов предизвик, да настапува во Премиер – лигата.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови