Навивачите на Шкендија кренаа бунт против претседателот на клубот, Бесник Ибраими, и бараат негово заминување. Во спротивно, како што се вели во нивното соопштение, ќе ги објават сите „валканици“ кои се случувале за време на неговото владеење со клубот.
Шкендија утре ќе игра против шведски АИК во квалификациите за Конференциската лига, а очигледно најверните фанови не се задоволни од фунционирањето на клубот.
„Се молевме Еколог да влезе во Шкендија во 2013 година и сега дали навивачите заслужуваат игнорантски однос од моменталниот лојален претседател Ибраими, кој мисли дека има доволно кредити од нас. Ние имаме само една одлука – замини си што побрзо и тргни ги рацете од нашиот сакан клуб! Во спротивно ќе продолжиме со радикалното однесување и со активностите за да ја оствариме целта. Попрецизно, ќе ги објавиме сите валканици кои ги има направено претседателот во овој период додека е прв човек на клубот“ – се вели во радикалното соопштение на навивачите на Шкендија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski