Актуелниот шампион Струга ТЛ неочекувано загуби од Силекс (2-3) на домашен терен во минатото коло и веќе нема право на кикс до крајот на шампионатот во трката за титулата. Денеска стружани гостуваат во Кавадарци и ќе имаат дуел против Тиквеш, а искусниот напаѓач Бесарт Ибраими потенцира дека нова грешка едносравно не смеат да си дозволат.
„Тиквеш покажа дека е многу добар противник, но нашата крајна цел се трите бода. Ветувам дека на овој натпревар ќе го дадеме најдоброто од себе од секој аспект, за да се вратиме посилни по тој неочекуван пораз од Силекс. Последните четири натпревари за нас се како финале. Свесни сме за ова и за вредноста на бодовите“, изјави Бесарт Ибраими.
Шкупи, кој има идентичен број бодови како и Струга ТЛ на врвот, денеска гостува во Гостивар, а Шкендија на домашен терен ја пречекува Брера.
Силекс во Кратово е домаќин на Работнички, а интересни битки ќе се водат и за опстанок.
Во Штип, Брегалница е домаќин на Вардар, додека во Ѓорче Петров ќе играат Македонија ЃП и Воска Спорт.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 30.КОЛО (денеска, 16 часот)
ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ
ШКЕНДИЈА – БРЕРА
ГОСТИВАР – ШКУПИ
СИЛЕКС – РАБОТНИЧКИ
БРЕГАЛНИЦА – ВАРДАР
МАКЕДОНИЈА ЃП – ВОСКА СПОРТ
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski