Connect with us

Наполи му честиташе роденден на Елиф Елмас

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска го прославува 22. роденден. Италијанскиот калчолигаш Наполи на социјалните мрежи му упати честитки на Елмас за родениот ден.

Најубавата честитка веројатно синоќа му ја подарија неговите соиграчи кои забележаа убедлив триумф (0-4) против Сампдорија на гости. „Наполитанците“ се на врвот на табелата во Серија А со максимален ефект, 15 бода од пет одиграни натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови