Connect with us

На „граѓаните“ им преседна титулата: Казна од 260.000 фунти поради прославата на навивачите

Фудбалската асоцијација на Англија го казни Манчестер Сити со 260.000 фунти поради упадот на навивачите на теренот на 22. мај на натпреварот против Астон Вила. Тоа беше натпревар од последното коло од минатосезонската Премиер – лига во кое „граѓаните“ со пресврт победија со 3-2 и ја одбранија титулата.


По натпреварот на „Итихад“, навивачите влетаа на теренот, ги кршеа головите и го нападнаа гостинскиот играч Робин Олсен. Сето тоа беше снимено на камера, а помалку од пет месеци подоцна ФА изрече казна од 260.000 фунти.

„Манчестер Сити призна дека не ги контролирал гледачите. Клубот не успеа да ги спречи навивачите од заканите и насилничкото однесување при влегувањето на теренот по натпреварот“, соопшти ФА на Англија.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови