Фудбалската репрезентација на Македонија се подготвува за настапот на Европското првенство. Дефанзивецот Висар Муслиу вели дека сите фудбалери едвај го чекаат дебито на Македонија на големото натпреварување и не чувствуваат некој посебен притисок.
„Секогаш има притисок, пред секој натпревар. И со Лихтенштајн и со Германија. Секако дека со нетрпение го очекуваме дебито на Европското првенство. Се подготвуваме максимално и верувам дека македонскиот народ ќе има нови причини за радост“, истакна Муслиу.
Тој му даде поддршка на Енис Барди кој се наоѓа во изолација откако покажа позитивен тест на коронавирусот.
„Се е одлично, подготовките минуваат во најдобар ред, а единствено ни недостига Енис Барди. Се надеваме дека многу брзо ќе ни се приклучи“, вели дефанзивецот на националниот тим.
Македонската фудбалска репрезентација на 1 јуни ќе го има и првиот од двата теста пред Европското првенство. На Националната арена во Скопје ќе гостува Словенија.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski