Рома не успеа да освои два европски трофеи во две години. По ланскиот успех во Конференциската лига на УЕФА, сега италијанскиот тим е поразен од Севилја во финалето на Лига Европа. Пеналите беа кобни за „волчицата“, откако регуларниот дел, а и по 120 минути резултатот беше 1-1.
Тренерот Жозе Мурињо и покрај поразот е горд на својот тим.
„Го загубив првото финале во кариерата, но горд сум на момците и сакам со кренати глави да си одиме дома. Дадоа сѐ од себе за дресот на Рома. Навистина го посакувавме овој трофеј, но немавме среќа при изведувањето пенали. Сите сме многу тажни, некој плаче, некој не пушта солзи, но срцето едвај издржува“, изјави Жозе Мурињо по поразот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski