Connect with us

Милевски: Пристапот беше максимален, одморивме дел од играчите за Грузија

Макфудбал во Гибралтар,

Фудбалската репрезентација на Македонија оствари триумф (0-2) над Гибралтар и ги освои планираните три бода на ова гостување. Покрај тоа, сочувани се дел од силите на важните фудбалери за следниот меч против Грузија.

„Честитки за фудбалерите, за залагањето и за пристапот на овој тежок терен со вештачка трева. Не е лесно да се играат вакви мечеви, среќен сум што нема повреди и што одиме понатаму, сега не чека нов тежок натпревар против Грузија. Ги сочувавме Столе Димитриевски, Дарко Велковски, Дарко Чурлинов, а добија шанса помладите за деби, Дени Илиев, Никола Серафимов и Тодор Тодороски. Им честитаме за дебито и сега веќе се фокусирани на следното искушение“, изјави селекторот Благоја Милевски.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови