Connect with us

Милан го сака Наби Кеита на „Сан Сиро“

Милан се бори за „скудетото“ оваа сезона во Серија А, но раководството на клубот размислува и за нови засилувања за следната сеозна. Клубот од „Сан Сиро“ е силно заинтересиран за играчот за врска на Ливерпул, Наби Кеита, пренесува „Газета дело спорт“.


Кеита на крајот на сезоната влегува во последната година од договорот, но нема намера да преговара со Ливерпул за продолжување на неговиот престој на „Енфилд“. Тој не е задоволен од минутажата во составот на Јирген Клоп и е подготвен да ја промени средината на крајот на сезоната.

Ваквата ситуација сака да ја искористи Милан, кој во Кеита гледа идеална замена за Франк Кеси, кој ќе се пресели во Барселона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови