Connect with us

Михајлов: Петрокуб е фаворит, но Силекс покажа дека има квалитет за да изненади

Силекс е второлигаш, има комплетно реновиран тим и нов тренер, но Горазд Михајлов верува дека кратовскиот клуб може да направи изненадување на утрешниот реванш меч против Петрокуб во Молдавија. Првиот дуел во Скопје заврши 1-1, а со оглед дека не важи веќе правилото за гол во гости, Силекс тргнува од рамноправна позиција со домаќинот.

Сепак, Горазд Михајлов ја препушта фаворитската улога на Петрокуб.

„Фаворитската улога му ја препуштаме на домаќинот, но Силекс покажа дека има квалитет на првиот меч и може да направи изненадување. Растоварени сме од било каков императив, но имаме желба да се претставиме во добро издание и да оствариме позитивен резултат. Подготвени сме за надигрување со Петрокуб“, изјави Горазд Михајлов.

Реванш мечот меѓу Петрокуб и Силекс ќе се игра на стадионот Цимбру во Кишињев со почеток во 19 часот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови