Connect with us

Меси даде пет гола за Аргентина на еден меч (ВИДЕО)

После десет години, седумкратниот освојувач на „Златната топка“, Лео Меси, повторно постигна пет гола на натпревар. Тоа го направи за првпат во дресот на Барселона против Баер Леверкузен во Лигата на шампионите во 2012 година, а вечерва истото го повтори и во дресот на својата татковина.


Репрезентацијата на Аргентина во Памплона одигра пријателски натпревар против Естонија и славеше со 5-0, а сите голови за „гаучосите“ ги постигна нивниот капитен.


Противничката мрежа ја затресе во 8. минута од пенал, а хет-трикот го комплетираше во 47. минута со помош на соиграчите со две одлични тимски акции.


До „петардата“ стигна со уште два гола во 71. и во 76. минута.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови