Connect with us

Тео Хернандез се согласил на трансфер во Баерн Минхен

Ѕвездата на Милан, Тео Хернандез, се согласил да се пресели во Баерн Минхен во текот на летниот преоден рок, тврди „Мундо Депортиво“. Се тврди дека играчот на „росонерите“ треба да го замени Алфонсо Дејвис кај Баварците. Канаѓанецот многу веројатно нема да го продолжи договорот и ќе биде продаден.

Сепак, раководството на германскиот гигант допрва ќе треба да се договори со миланскиот клуб околу параметрите на зделката, бидејќи договорот на играчот со неговиот сегашен тим е на уште две години.

Тео Хернандез имаше неколку понуди, но беше заинтригиран од проектот на Баерн, кој е во процес на реструктуирање по претстојното заминување на тренерот Томас Тухел.

Оваа сезона, Тео Хернандез постигна пет гола и направи 10 асистенции на 44 натпревари за Милан во сите натпреварувања. Тој е дел од „росонерите“ од летото 2019 година, кога пристигна од Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови