Connect with us

Ќе го одведе ли Мбапе тимот на ПСЖ до финалето на ЛШ пред да си замине од Париз?

ПСЖ вечерва е домаќин на Борусија Дортмунд во реваншот од полуфиналето на Лигата на шампионите. Натпреварот се игра на „Паркот на принцовите“ од 21 часот.

Ова ќе биде четврти меѓусебен натпревар на двете екипи оваа сезона, но и најважен, со оглед дека ќе одреди кој ќе се пласира во финалето на „Вембли“.


„Милиионерите“ имаат водство од 1-0 по првата средба на „Сигнал Идуна Парк“.

Тимовите беа ривали и во групната фаза на турнирот. Тогаш избраниците на Луис Енрике победија со 2-0 во Франција. Тоа е успех со два гола разлика што и сега им е потребен за пласман во големото финале.

Пред една недела Борусија Дортмунд победи со голот на Никлас Фулкруг. Сите очи сега се насочени кон ѕвездата на ПСЖ, Килијан Мбапе. Напаѓачот беше резервиран на првиот натпревар, но сега се очекува да ги предводи своите соиграчи до успех во последните денови со тимот.

„Жолто-црните“ вторпат овој век ќе се обидат да се пласираат во финалето на ЛШ. Избраниците на Јирген Клоп во 2013 година играа на „Вембли“ каде загубија од Баерн со 1:-2. Сега битката за трофејот повторно ќе се води на стадионот во Лондон, а потенцијално и Баварците би можеле да се пласираат во финалето.

ПСЖ последен пат стигна до финалето во 2020 година. Тогаш „светците“ загубија од Баерн, со 0-1.

Тренерот Луис Енрике нема да може да го користи Лукас Хернандез. Дефанзивецот уште еднаш во кариерата ги скина лигаментите на коленото и ќе отсуствува долго време. Аут од тимот е и Преснел Кимпембе. Гостите пристигнуваат без Рами Бенсебаини и Жулиен Дуранвил.

Главен судија на натпреварот е Даниеле Орсато.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови