Connect with us

Тен Хаг ќе остане запаметен по уникатен антирекорд на клупата на Манчестер Јунајтед

Покрај големото понижување од поразот од Кристал Палас со 0-4 во натпреварот од 36. коло на Премиер – лигата, тимот на Манчестер Јунајтед мораше да го проголта и фактот дека постави уникатен антирекорд во инаку славната историја на клубот.


Менаџерот на „црвените ѓаволи“ Ерик Тен Хаг оваа сезона 2023/24 за првпат ја мина границата од 13 порази во ерата на Премиер – лигата.

Уште понепријатно за Ерик тен Хаг е што до крајот на сезоната неговите играчи имаат уште три натпревари да одиграат и менаџерот може да стигне до нов негативен рекорд.

Манчестер Јунајтед го очекуваат домашни натпревари против Арсенал на 12 мај (недела) и Њукасл на 15 мај (среда), како и гостувањето кај Брајтон на 19 мај (недела).

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови