Connect with us

Мбапе стана најдобар стрелец во историјата на ПСЖ

Францускиот репрезентативец Килијан Мбапе стана најдобар стрелец во историјата на Пари Сен Жермен. Напаѓачот го постигна својот 139. гол во кариерата за „светците“ во синоќешната победа на неговиот тим против Ленс, надминувајќи го Единсон Кавани.


Мбапе има само 24 години и веќе успеа да се запише во историјата на Пари Сен Жермен.
Вкупно, во француското првенство, Килијан Мбапе постигна 155 голови додека настапуваше за Монако и за ПСЖ.


Мбапе е најдобар стрелец во лигата во моментов со 20 гола, а интересно е првиот по Педро Паулета кој постигнал најмалку 20 гола во четири сезони.


Тој е на 18. место на вечната листа на стрелци во францускиот шампионат, прв е Делио Онис со 299 гола, а зад него е Бернар Лакомб со 255.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови