Connect with us

Манчестер Сити размислува да го купи Погба, Французинот сака кај Гвардиола

Манчестер Сити размислува да го доведе Пол Погба објавија синоќа британските медиуми, а меѓу нив и угледниот Гаридан.

Погба летово ќе стане слободен играч и сигурно ќе го напушти Манчестер Јунајтед. Јунајтед не покажува интерес за продолжување на соработката откако Погба ја одби првата и единствена понуда на клубот досега. Пари Сен Жермен досега најконкретно се поврзуваше со Погба.

Французинот би направил трансфер без обештетување, а ќе треба да се согласи и на помала плата. Наводно тој би го прифатил овој услов бидејќи би сакал да работи со Пеп Гвардиола пишува Гардиан.

Погба во два наврати беше играч на Јунајтед – дојде како 16-годишник од Франција, но не доби шанса во првиот тим. Откако брилираше за четири години во Јувентус, Јунајтед го врати во 2016 година за 105 милиони евра.

Според сите пишувања на островските медиуми во последните недели, во Сити треба да дојде Ерлинг Халанд, уште еден играч чиј менаџер беше неодамна починатиот Мино Раиола.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови