Connect with us

Манчестер Јунајтед, Јувентус и Наполи во трка за потписот на Антонио Конте

Еден англиски и два италијански клуба се сериозно заинтересирани за потписот на Антонио Конте. Според медиумите во Италија, Манчестер Јунајтед и италијанските Јувентус и Наполи го насочиле фокусот кон познатиот стратег како посакуван ментор за новата сезона.

Поранешниот тренер на Тотенхем и Интер е без работа од март 2023 година, кога најави дека кратко ќе паузира.


Наполи се обиде да го ангажира и по отпуштањето на Руди Гарсија, но тогаш Конте одби да преговара со претседателот Аурелио де Лаурентис.

Јувентус размислува за враќање на Конте по најавите за разделба со Масимилијано Алегри, а Манчестер Јунајтед гледа во него одлично решение доколку одлучи да му даде отказ на Ерик Тен Хаг.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови