Connect with us

Манчестер Јунајтед го сака Коло Муани, а Ајнтрахт бара 120 милиони евра

Манчестер Јунајтед е заинтересиран за еден од најдобрите играчи на Ајнтрахт, напаѓачот Рандал Коло Муани. Според „Билд“, славниот англиски клуб е подготвен да му плати на тимот од Франкфурт 120 милиони евра за неговите услуги.


Челниците на Ајнтрахт се свесни дека на Јунајтед итно му треба засилување, па нема да го продадат Коло Муани под нивните финансиски очекувања.

Напаѓачот минатото лето пристигна како слободен играч во Франкфурт од Нант и има договор со клубот до 2027 година. Коло Муани игра феноменално оваа сезона, а досега има забележано 16 гола и 14 асистенции во сите натпреварувања.

За неговите услуги е заинтересиран и Пари Сен Жермен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови