Connect with us

Манчестер Јунајтед две децении немал толку порази…

Манчестер Јунајтед загуби уште едно дерби на „Олд Трафорд“ оваа сезона. Градската пресметка му припадна на Манчестер Сити кој славеше со 0-2. Ова повторно ја тресе сериозно фотељата на Оле Гунар Солскјер.


Статистиката и традицијата исто така се против него. Доживеаниот пораз беше осми домашен натпревар во 2021 година за Манчестер Јунајтед. Ова клубот не го памети од далечната 1989 година.

На денешното дерби Манчестер Јунајтед само еднаш упати прецизен удар во голот на гостите за сите 90 минути. Тој обид беше дело на Кристијан Роналдо во 26. минута.

Поразот особено тешко му падна на Португалецот, чие лице по мечот го фокусираа фоторепортерите од водечките светски агенции.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови