Connect with us

Манчестер Јунајтед дава 90 милиони евра за дефанзивец на Евертон

Дефанзивецот на Евертон, Џерад Брантвејт, е трансферна цел на ривалите на Манчестер Јунајтед ова лето, пренесува „Скај Спортс“. Сепак, клубот од „Олд Трафорд“ ќе има огромна конкуренција да го доведе во соите редови, затоа што за него има интерес и од Реал Мадрид, Челси, Арсенал, Интер.


Евертон го ангажираше Брантвејт од Карлајл во 2020 година, при што „карамелите“ платија само 1,1 милион евра за неговите права. Цената на централниот дефанзивец многукратно се зголеми во изминатите четири години и Евертон сега ќе бара најмалку 90 милиони евра за неговото заминување.

Брантвејт (21) е централен дефанзивец има 48 натпревари за Евертон. Тој забележа и 36 настапи за ПСВ Ајндховен, каде што беше на позајмица минатата сезона.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови