Connect with us

Макрон очекува Реал Мадрид да му дозволи на Мбапе да игра за Франција на Олимписките Игри

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, објасни дека се надева како Реал Мадрид нема да го спречи Килијан Мбапе да учествува во францускиот олимписки тим на Игрите во Париз претстојното лето. Официјално сѐ уште нема потврда дека актуелниот играч на Пари Сен Жермен по завршувањето на сезоната ќе се пресели на „Сантијаго Бернабеу“, но многу информации тврдат дека сѐ е договорено.


Тогаш Мбапе веќе треба да биде играч на Реал Мадрид, а во принцип клубот има право да не му дозволи да настапи на Олимпијадата.

„Ќе направам сѐ за да имаме силен тим на Игрите. Верувам во француските клубови, како и во останатите европски клубови, дека тие ќе ги ослободат своите играчи во периодот на Олимписките Игри“, изјави Макрон.

Потоа и конкретно потврди дека смета на Реал Мадрид.

„Да, токму тоа го мислев, конкретно за Реал Мадрид“, одговори шефот на француската држава.

Сепак, останува да се види дали и Мбапе сака да игра на Олимпијадата, бидејќи претходно ќе биде дел од репрезентацијата на ЕВРО 2024.

„Сè уште не сум разговарал со Килијан за Олимписките Игри“, потврди Макрон.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови