Connect with us

Макфудбал – експерт за ЕВРО – Агим Ибраими: Знам како е…Жешка еуфорија, а треба ладна глава

Се чувствувам еден од Вас и ќе ви зборувам како да сум таму, до вас, да се подготвуваме заедно за натпревар. Вие сте веќе победници. Вие сте херои со самиот пласман на Европско. Вие ја направивте Македонија горда. Вие ја обединивте Македонија. Излезете, уживајте, знам дека ќе дадете се од себе. И не се сомневам дека ќе бидете добри, одлични, како и досега.


Знам како е да се игра голем натпревар. Жешка еуфорија и ладна глава. Како ли само да ја држиш ладна? Адреналинот е максимален, не те фаќа место, едвај чекаш да почне. И најлесно е кога ќе истрчаш на теренот, тогаш ќе се исклучиш и играш фудбал.


Оваа Македонија знае многу добро да игра фудбал. Сите ја почитуваат, за нас слушна целиот свет, откако се пласиравме на Европско и ја победивме Германија.


Еејј, Германија ја победивте. Знам. Ниеден натпревар не е ист. И сега и другите нас не анализираат до детали, затоа што веќе не сме изненадување. Сега сме учесници на Европско првенство. Ама знам дека и тие исто така се плашат од Македонија.


Сите анализи се веќе направени, знаете и што треба да правите. Сега, слушалки на уши, фокус и чекајте да почне.


Македонија е силна. Го покажа тоа. Цврста одбрана, одличен голман, тркачки и технички модерен среден ред, амбициозен напад. Со иконата Горан Пандев како предводник. Тој заслужи после се што направи во кариерата, да истрча на Европско првенство во дресот на Македонија.

Сите сме Македонија. Играјте момци, знаете дека цел народ е со вас.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови