Фудбалската репрезентација на Македонија до 15 години е победник на УЕФА развојниот турнир штo се одржуваше во Скопје. Македонија во последниот натпревар успеа да го совлада Косово со 2-1 и да заврши на првата позиција.
Избраниците на селекторот Раде Каранфиловски уште на стартот од натпреварот преку Ангелевски пропуштија извонредна можност.
Во 27. минута, Грашевски погодува за предност на Македонија по одличното додавање на Бранковски.
Во продолжението од мечот, Косово израмнува во 64. минута. Во 69. минута Грашевски по втор пат се запишува во листата на стрелци за предност и победа на Македонија. Голема заслуга за вториот погодок имаше Стаматовски, кој по одличниот продор по левата страна, асистираше за Грашевски.
Македонија: Џангаровски, Жаку, Стоилов, Кесиќ, Марковски, Ангелевски, Бранковски, Грашевски, Назиф, Бојовиќ, Заев;
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski