Connect with us

Лотито и Мурињо во клинч по римското дерби: „Ова е мојот дом, а ти не треба да бидеш тука“

Лацио ја победи Рома со 1-0 во римското дерби. Беше многу возбудливо, а клучен момент се чини беше црвениот картон за Роџер Ибањез од Рома по само половина час игра.


Тоа го искористи Лацио, кој славеше со голот на Закањи, а нервозата од теренот се префрли и во соблекувалната по завршување на мечот.

Се судрија претседателот на Лацио, Клаудио Лотито и тренерот на Рома, Жозе Мурињо.

Сѐ започна пред соблекувалната на Рома кога Алесио Ромањоли ја прославуваше победата, а тоа го налути Џанлука Мансини, кој го нападна.

Се вмеша и Лотито, а потоа и Мурињо кој го одлежа вториот меч суспензија на синоќешниот меч.

„Што гледаш“, му рекол Мурињо на Лотито, кој исто така се налутил.

„Јас сум претседател на Лацио, а ти? Ова е мојот дом, а ти воопшто не треба да си тука“, одговорил Лотито.

Настана вистински хаос, налетаа и помошниците тренери, но набрзо сѐ се смири. Мурињо имаше посебна дозвола од федерацијата да оди во соблекувалната иако имаше црвен картон.

Лацио е на второто место со 52 освоени бода, додека Наполи веќе може да ја слави шампионската титула.

На третото место е Интер со 50, Милан има 48, а Рома 47 бода.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови