Connect with us

Состави ЛШ: Тухел со две изненадувања во тимот на Баерн

Вечерва ќе биде познат и вториот финалист во Лигата на шампионите. Откако Борусија Дортмунд обезбеди учество на „Вембли“ во Лондон, Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе решаваат за вториот патник во финалниот дуел.


Двата тима одиграа возбудлив прв натпревар во Минхен, кој заврши 2-2.

Карло Анчелоти направи една измена во својот состав во однос на првиот натпревар. Даниел Карвахал се враќа од суспензија и доаѓа на местото на Лукас Васкез.

Томас Тухел го претпочита тинејџерот Александар Павловиќ на местото на искусниот Леон Горецка.

Матијас де Лихт и Серж Гнабри се целосно закрепнати. Двајцата ги заземаат местата на Ким Мин-Јае и Томас Милер, кои беа стартери на Алијанц Арена.

Реал Мадрид: Лунин, Карвахал, Начо, Рудигер, Менди, Чуамени, Крос, Белингам, Валверде, Родриго, Винисиус.

Баерн: Нојер, Кимих, Де Лихт, Даер, Мазрауи, Павловиќ, Лајмер, Гнабри, Сане, ​Мусијала, Кејн.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови