Connect with us

„Лавовите“ го пречекуваат Силекс во премиерата на седмото коло

Македонија ЃП успеа да го совлада Силекс на пенали во финалето на Купот на Македонија минатата сезона, а денеска двата тима ќе ја имаат првата пресметка по тоа финале. „Лавовите“ нешто полошо ја стартуваа новата сезона, можеби данок си зема и настапот во Европа, а Силекс кој се врати во елитата игра одлично.

Сепак, Македонија ЃП сака три бода на денешниот меч и тоа го најавува дефанзивецот Филип Мишевски.

„Силекс е одична екипа со искусен тренер, но ние нема што да калкулираме, со максимален пристап и концентрација на целиот натпревар, сакаме да стигнеме до трите бода. Атмосферата во екипата е на високо ниво“, вели Мишевски.

Останатите натпревари од седмото коло се играат утре, а се среќаваат: Струга ТЛ – Скопје, Тиквеш – Академија Пандев, Шкупи – Работнички, Победа – Брегалница.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови