Connect with us

Лацио и Аталанта стартуваа со победи (ВИДЕО)

Лацио и Аталанта имаа успешен старт на новата сезона во Серија А. „Лацијалите“ славеа против Емполи на гости со 1-3, додека Аталанта во последните мигови стигна до триумф (1-2) на гости против Торино.

Бандинели му донесе водство на Емполи во четвртата минута, но Лацио реагираше брзо и направи пресврт со головите на Сергеј Милинковиќ Савиќ во шестата минута и на Мануел Лацари во 31.минута. Чиро Имобиле во 41.минута од пенал го постави конечниот епилог.

Роберто Пиколи донесе триумф за Аталанта во судиското продолжение од мечот против Торино (1-2). Претходно, Луис Мјуриел донесе водство за гостите од Бергамо во шестата минута, а израмни Андреа Белоти во 79.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови