Есенскиот првак Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата и покрај слободниот викенд, благодарејќи на ремито (3-3) меѓу Шкупи и Академија Пандев. Токму актуелниот шампион утре гостува во Струга во дербито на 22. коло од Првата фудбалска лига, а веројатно и дерби за титулата.
Дефанзивецот Бесарт Кривањева, кој претходно во кариерата настапуваше за Шкупи, верува дека Струга ТЛ може да стигне до триумф со поддршка од фановите.
Струга Трим Лум има нов тренер, Шпетим Дуро, кој го презеде тимот пред неколку дена.
„Натпреварот против Шкупи ќе биде еден од најтешките за нас пролетва. Играме против актуелниот шампион така што пристапот и сериозноста на тимот мора да бидат на највисоко ниво. Со новиот тренер Шпетим Дуро работиме добро деновиве, па веруваме дека ќе успееме да ја оствариме нашата цел. Во минатото имав убави моменти во Шкупи, но ние сме професионалци, во моментов ги бранам боите на Струга ТЛ и ќе дадам сѐ во дресот на овој клуб“, изјави Бесарт Кривањева.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski