Шампионот Струга Трим Лум утре (14 часот) го пречекува Шкупи во дербито на 20.коло од Првата фудбалска лига. Тоа ќе биде еден од натпреварите кој директно ќе решава и во разврската за шампионската титула.
Токму затоа, и двата тима се максимално фокусирани, а Бесарт Кривањева, дефанзивецот на стружани, вели дека тимот е подготвен да оствари триумф против неговиот поранешен клуб, Шкупи.
„Поминав 4,5 години во Шкупи, но сега сум член на Струга ТЛ и се разбира дека посакувам триумф на мојот тим. Респект за чаирчани, тие се квалитетен тим, но ние сме шампиони и одиме на победа. Ние сме домаќини, ќе ја имаме поддршката од фановите, но, сепак, дуелот ќе се решава на теренот. Мора да одиграме максимално посветено, најдобро што можеме, затоа што само така можеме да се надеваме на триумф и три бода“, изјави Бесарт Кривањева.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Чаби Алонсо – творецот на шампионот од Леверкузен
Фудбалот е, за среќа, игра. Победата и поразот понекогаш доаѓаат случајно. Кога се среќаваат...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Селекторе, јас не сум среќен со ваква Македонија!
Мартовскиот циклус за некого ширум Европа донесе радост каква што ние почувствувавме во 2021...
Автор Nikola Gjurovski