Connect with us

Конте: Уверен сум дека Сон ќе се опорави и ќе игра на Мундијалот во Катар

Менаџерот на Тотенхем, Антонио Конте, е уверен дека фудбалерот Хјонг – Мин Сон ќе биде подготвен да игра за Јужна Кореја на претстојното Светско првенство.


Сон беше опериран во петокот поради длабока фрактура на окото што ја заработи на натпреварот од Лигата на шампионите против Марсеј минатиот вторник.

„Му испратив порака по операцијата и Сони е навистина, навистина разочаран од целата ситуација и се надевам дека ќе се опорави добро и ќе игра на Светското првенство. И самиот бев играч и знам колку е важно да се игра на Мундијалот“, изјави Конте.

Светското првенство ќе се игра од 20 ноември до 18 декември во Катар.

Јужна Кореја натпреварувањето го започнува на 24 ноември со меч против Уругвај, а во групата Х се и Португалија и Гана.

„Уверен сум дека Сон може брзо да се врати и да игра на Светското првенство за Јужна Кореја“, потенцираше Конте.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови