Connect with us

Кол Палмер го постигна најбрзиот хет-трик во историјата на Челси

Младиот Кол Палмер игра фантастично оваа сезона во дресот на Челси, а на вечерашниот натпревар успеа да се запише и во клупската историја. Тој го постигна најбрзиот хет-трик во историјата на клубот од „Стемфорд бриџ“, а во Челси досега играле толку многу големи фудбалери, вистински легенди.

Палмер до 29.минута веќе имаше комплетирано хет-трик, а му требаа вкупно 16 минути за да ги реализира сите три гола.

Првиот пат погоди во 13.минута, потоа вторпат се запиша како стрелец во 18.минута, а третиот гол го постигна во 29.минута.

Челси води со 4-0 против Евертон на полувреме, откако и Николас Џексон беше стрелец во 44.минута од мечот.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови