Connect with us

Казната пристигна: Јувентус во тренинг карантин до сабота

Масимилијано Алегри, наводно, го става тимот на Јувентус во карантин по поразите во Серија А од Сасуоло и Верона. “Бјанконерите” имаа лош почеток на сезоната и по серијата од четири победи со конечен резултат од 1-0, тие повторно почнаа да разочаруваат.

Јуве беше поразен на домашен терен со 2-1 од Сасуоло и со истиот резултат вчера на стадионот Бентегоди. Ова значи дека имаат само 15 бода од воведните 11 кола, како и четири порази, и три нерешени натпревари. Јувентус има голема пресметка во Лигата на шампионите против Зенит во вторник, а потоа Фиорентина во Серија А следната сабота.

Имајќи го тоа на ум, Алегри ќе го стави тимот во тренинг карантин почнувајќи од утре, понеделник, до следната сабота. Тоа значи дека играчите нема да може да одат дома кај своите семејства, останувајќи во тренинг комплексот “Континаса”, акде што има хотел, за подобро да се фокусираат на претстојните натпревари.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови